Оваа веб страна користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб страна и помагате на нашиот тим да разбере кои делови од веб страната ги сметате за најинтересни и корисни.
JUBIZOL EPS F G0 SUNSTOP
Сив EPS со бел завршен премаз
EPS-EN 13163-L2-W2-T1-S2-P5-DS(N)2-DS(70,-)1-BS115-TR150-CS(10)70
Плоча од експандиран полистирен (EPS) со додаток на графит, со завршен бел негорив премаз за полесно вградување на топлинска изолација на фасади при новоградби или доизолација на фасадни ѕидови.
Премачканата графитна плоча, овозможува полесно вградување на графитниот фасаден стиропор на фасадата, бидејќи белиот завршен слој спречува извиткување на плочите предизвикано од зрачењето на сонцето. При повисоки температури ја намалува температурата на површината во однос на класичната графитна плоча за приближно 30 %. Производот е класифициран во Европска класа E (λ = 0,032). Специјалноста на графитниот EPS се вградените парченца графит, кои ја одбиваат топлината и со тоа значајно го смалуваат преносот на топлината. Во однос со белиот EPS при еднакви дебелини на изолацијата, подобрена е енергетската ефикасност за 20%.
Својства
20% подобар топлински изолатор во споредба со белиот EPS;
одличен топлински изолатор;
мало впивање на вода;
постојан и траен;
има добри механички својства при мали тежини;
ја намалува можноста од настанување на површинска кондензација на внатрешните страни од фасадните ѕидови;
заштита од поголеми дилатациски движења;
оптимална и економична топлинска заштита на надворешни ѕидови;
не е штетен за околината.
Предност при вградување
одлично прифаќање на лепила на основни малтери;
димензиски стабилен;
не иритира и не се рони;
едноставен за вградување.
- info@gipsimobilia.com.mk
- gipsimobilia@hotmail.com
- +389 2 261 4125
- +389 71 377 021
- +389 70 318 322
- Качанички пат 274, Скопје
Критики
Нема критики сеуште.