следете не:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Gips Imobilia Design
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Share on Facebook
 
 
 
Share on Twitter
 
 
 
Share on Google Plus
 
 
 
Share on Pinterest
 
 
 
 
 
 
JUBIZOL EPS F G0 SunStop
 
 
 
 

JUBIZOL EPS F G0 SunStop

 

Сив EPS со бел завршен премаз

EPS-EN 13163-L2-W2-T1-S2-P5-DS(N)2-DS(70,-)1-BS115-TR150-CS(10)70

Плоча од експандиран полистирен (EPS) со додаток на графит, со завршен бел негорив премаз за полесно вградување на топлинска изолација на фасади при новоградби или доизолација на фасадни ѕидови.

Премачканата графитна плоча, овозможува полесно вградување на графитниот фасаден стиропор на фасадата, бидејќи белиот завршен слој спречува извиткување на плочите предизвикано од зрачењето на сонцето. При повисоки температури ја намалува температурата на површината во однос на класичната графитна плоча за приближно 30 %. Производот е класифициран во Европска класа E (λ = 0,032). Специјалноста на графитниот EPS се вградените парченца графит, кои ја одбиваат топлината и со тоа значајно го смалуваат преносот на топлината. Во однос со белиот EPS при еднакви дебелини на изолацијата, подобрена е енергетската ефикасност за 20%.

Својства
  • 20% подобар топлински изолатор во споредба со белиот EPS;
  • одличен топлински изолатор;
  • мало впивање на вода;
  • постојан и траен;
  • има добри механички својства при мали тежини;
  • ја намалува можноста од настанување на површинска кондензација на внатрешните страни од фасадните ѕидови;
  • заштита од поголеми дилатациски движења;
  • оптимална и економична топлинска заштита на надворешни ѕидови;
  • не е штетен за околината.
Предност при вградување
  • одлично прифаќање на лепила на основни малтери;
  • димензиски стабилен;
  • не иритира и не се рони;
  • едноставен за вградување.