1. За Политика за приватност

1.1 Р3 Инфомедиа ДООЕЛ (во понатамошниот текст насловено како: InOne, ние, нас или наше) ја имплементира оваа Политика за приватност со цел на субјектот на личните податоци да му се обезбедат информации во врска со видовите на лични податоци коишто ние ги собираме или чуваме, начинот на којшто ги собираме, чуваме, користиме и објавуваме личните податоци, изборите кои што стојат на ваше располагање во врска со обработката на личните податоци и вашата права кои Ви следуваат во согласност со законот за заштита на личните податоци. Доколку имате какви било прашања во врска со оваа Политика за приватност, ве молиме да се обратите на нашиот Офицер за заштита на личните податоци.

1.2 InOne е трговска марка на Р3 Инфомедиа, ДООЕЛ Скопје. Оваа Политика за приватност се однесува на обработката на вашите лични податоци од наша страна.

2. Лични податоци

2.1 „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци).

3. Кои лични податоци ние ги собираме и чуваме?

3.1 Категориите на лични податоци коишто ние можеме да ги обработуваме за одредено физичко лице зависат од природата на нашата интеракција со истиот. Личните податоци коишто ги обработуваме вклучуваат:
– име
– возраст и/или датум на раѓање
– податоци за контакт вклучително и телефонски броеви (фиксни и/или мобилни)
– моментална адреса (вклучително и поштенска адреса)
– адреса за електронска пошта
– географска/и локација/и.

3.2 Нашата компанија ги обработува личните податоци на следниве категории на субјекти на личните податоци:
– нашите клиенти, потенцијални клиенти и нивни застапници,
– крајните корисници на нашите клиенти,
– кои било други лица коишто ќе стапат во контакт со InOne.

4. Како и кога го вршиме собирањето на лични податоци?

4.1 Ние вршиме обработка на вашите лични податоци со цел да го овозможиме реализирањето на нашите деловни функции, да ги обезбедиме, рекламираме и продаваме нашите производи и услуги, како и за конкретните цели утврдени во став 6. Во одредени околности, обработката на личните податоци претставува наша законска обврска, која мора да ја исполнуваме.

4.2 При обезбедување на соодветните услуги или производи кон вас, можно е да вршиме обработка на личните податоци. Дополнително Вашите лични податоци може да се обработуваат и во следниве случаи:
– кога ги купувате производите или услугите од нашите клиенти,
– кога вршиме продажба на производ или услуга кон вас,
– кога ни обезбедувате информации на кој било начин (вклучително по пат на пополнување на обрасци, објавување информации по телефон или електронска пошта, или со давање визит карта),
– кога барате информации во врска со нас, нашите производи или нашите услуги,
– кога нам ни давате повратни информации,
– кога ги посетувате или пополнувате образец за нашите Онлајн услуги утврдени во став 5,
– кога се регистрирате за или користите профил или претплатнички пакет за нашите Онлајн услуги,
– кога вие (или ваш вработен) ни обезбедувате информации во текот на спроведувањето или администрирањето на нашиот однос со вас, или кога извршувате активности во врска со нашето работење,
– кога на друг начин нѐ контактирате по телефон, факс, електронска пошта, социјални медиуми, пошта или лично, или
– кога на друг начин сте обврзани или овластени со закон тоа да го сторите.

4.3 Генерално, при обезбедувањето на нашите производи и услуги, или обезбедувањето стоки и услуги од нашите клиенти, ние ги собираме личните податоци директно од Вас како субјект на личните податоци секогаш кога тоа е разумно и изводливо.

4.4 Доколку изберете да не ни ги откриете вашите Лични податоци за целите утврдени во оваа Политика за приватност, можно е да не бидеме способни да ги обезбедиме побараните информации, производи или услуги, или ефективно да го реализираме нашиот однос со вас.

5. Информации собрани преку нашите Онлајн услуги

5.1 Личните податоци може да бидат собрани од нас или од трети страни коишто се наши даватели на услуги коишто ни обезбедуваат помош при управувањето на веб страните на нашите клиенти:
– вклучувајќи ги нивните под-домени и кои било други веб страни со коишто управуваме во кое било време; и
– нашите апликации за смарт телефони, (заедно насловени како: Онлајн услуги).

5.2 Можно е повремено да користиме разновидни технолошки методи со цел да ја следиме динамиката на посети од страна на лица што пристапуваат на нашата Веб страна, вклучувајќи но не ограничувајќи се на методите утврдени во овој став 5.

Метод 1: Google аналитика

5.3 Ние користиме Google аналитика за целите на вршење анализа на начинот на кој вие ја користите нашата Веб страна. Google аналитиката генерира статистички и други информации во врска со користењето на веб страната по пат на колачиња, коишто се складирани на компјутерите на корисниците. Информациите коишто се генерираат се користат за изготвување извештаи во врска со користењето на нашата Веб страна.

5.4 Доколку не сакате да се зачува запис за податоците во врска со вашите посети на нашата Веб страна во рамките на Google аналитиката, можете да инсталирате додаток на прелистувачот за изземање од Google аналитиката. За повеќе информации во врска со инсталирањето и деинсталирањето на додатокот, ве молиме да ја посетите страната за изземање од Google аналитика на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout.

Метод 2: Податоци за пребарувањето (click stream)

5.5 Кога читате, пребарувате или преземате информации од нашата Веб страна, ние или нашиот давател на интернет услуги може исто така да собира информации, како што се датумот, времето и времетраењето на посетата, страниците до кои е пристапено, ИП адресата на вашиот компјутер и какви било преземени информации.

Метод 3: Колачиња

5.6 Нашата Веб страна можно е повремено да користи колачиња. Колачињата се мали текстуални датотеки коишто се пренесуваат на тврдиот диск на компјутерот на корисникот од одредена веб страна за целите на зачувување информации во врска со идентитетот на корисникот, видот на прелистувач или динамиката на посета на веб страната. Нашата Веб страна можно е да користи колачиња со цел да се следи веб сообраќајот, како на пример, времето на посета, посетените страни и одредени системски информации во врска со видот на компјутер што се користи. Ние ги користиме овие информации за да ја збогатиме содржината и услугите што се нудат на нашата Веб страна.

5.7 Исто така, колачињата понекогаш се користат и за собирање информации во врска со страните коишто вие ги посетувате или видот на софтвер којшто вие го користите. Доколку пристапите на нашата Веб страна или кликнете на линк што води до нашата Веб страна од електронска порака што ние сме ви ја испратиле, на тврдиот диск од вашиот компјутер може да се симне колаче.

5.8 Можете да го конфигурирате вашиот прелистувач за да може да ги прифати сите колачиња, да ги одбие сите колачиња или да ве извести кога ќе биде испратено колаче. Секој прелистувач е различен. Според тоа, проверете го менито „Помош“ на вашиот прелистувач за да дознаете како да ги промените вашите преференци во однос на колачињата.

5.9 Доколку го онеспособите користењето на колачиња на вашиот Веб прелистувач или отстраните или одбиете конкретни колачиња од нашата Веб страна или поврзани страни, тогаш можно е да не ви биде дозволен пристап до сите содржини и капацитети на тие веб страни. Повеќе за колачиња можете да прочитате во Политиката за колачиња.

Метод 4: Содржина на трети страни (на пр. линкови на социјални медиуми)

5.10 Дел од содржината на нашата Веб страна содржи апликации коишто се ставени на располагање од трети страни, како што се копчиња или линкови на социјални медиуми коишто ви овозможуваат да споделите содржина или линкови на нашата Веб страна преку релевантни платформи на трети страни. Овие апликации од трети лица самите можат да овозможат собирање на информации од тие трети страни, преку вашата интеракција со апликациите и, понекогаш, дури и кога не сте оствариле директна интеракција со нив. Ние не сме одговорни за техничкото функционирање на овие апликации ниту пак за практиките на собирање и користење што ги применуваат релевантните трети страни. Ве молиме да ги посетите веб страните на релевантните трети страни за да ги разберете нивните практики за заштита на приватноста и опциите коишто тие ви ги ставаат на располагање во врска со нивното собирање на вашите Лични податоци.

6. Како ние ги користиме вашите лични податоци?

6.1 Личните податоци собрани од вас ние ги користиме за потребите на нашите деловни функции и активности, со цел ефикасно да го водиме нашето деловно работење.

6.2 Ние може да ги собираме, чуваме и користиме вашите лични податоци за цели на:
– идентификување и комуницирање со вас
– стекнување можност да ви ги обезбедиме побараните информации, производи и услуги
– на друг начин обезбедување помош на клиентите обезбедувајќи им информации и поддршка
помош при управувањето и подобрувањето на производите и услугите што вам ви ги обезбедуваме
– добивање помош при управувањето и подобрувањето на производите и услугите коишто ги обезбедуваме од нашите добавувачи и под-изведувачи
– управување и администрирање на вашите профили што се водат кај нас
– директно интегрирање на вашите поединости со Google, Facebook и нашата Веб страна (за целите на обезбедување на производите или услугите што вие ги набавувате од нас)
– промовирање и рекламирање на нашите производи и услуги кон вас
– обезбедување информации за вас коишто ние сметаме дека би можеле да ве интересираат или дека би сакале да ги примите, вклучително и рекламни материјали во врска со нас, нашите клиенти и нашите деловни партнери
– помош при испитувањето на потребите на нашите корисници со цел да можеме да ги рекламираме нашите производи и услуги со подобро разбирање на вашите потреби и на потребите на корисниците општо земено
– ваша и наша заштита од злоупотреби
– одговарање на какви било ваши прашања или приговори, или• исполнување на нашите статутарни и законски обврски.

6.3 Ние го задржуваме правото во кое било време да следиме, прегледаме, задржиме и/или објавиме какви било информации коишто се неопходни за почитување на кој било важечки закон, но притоа ние немаме обврска да го следиме користењето на Веб страната или да задржуваме содржина од која било корисничка сесија.

6.4 Вие сте согласни да ги користиме вашите Лични податоци на погоре наведените начини и како што е утврдено во оваа Политика за приватност.

6.5 Ние можеме и на друг начин да ги собираме, користиме и објавуваме вашите лични податоци доколку таквото собирање, користење или објавување е:
– во согласност со оваа Политика за приватност или каков било договор што вие ќе го склучите со нас, или
– наложено или дозволено со закон, при целосно почитување на начелата за заштита на личните податоци предвидени со Законот.

7. Кога ги објавуваме вашите Лични податоци?

7.1 InOne може да ги открива или да обезбеди пристап до вашите Лични податоци на трети страни во врска со целите утврдени во став 6. Во зависност од околностите и природата на вашиот ангажман со нас, ние можеме да ги откриваме вашите Лични на трети страни коишто нам ни обезбедуваат или преку нас обезбедуваат производи и услуги, или на други трети страни.

7.2 Исто така, ние можеме да ги објавуваме вашите Лични податоци на:

a. вашите назначени претставници
b. други организации или лица коишто нам ни помагаат при обезбедувањето на производите и услугите за вас
c. професионални даватели на услуги и советници коишто извршуваат функции во наше име, како адвокати
d. претставници, агенти или изведувачи назначени од нас при редовното извршување на нашите деловни активности (како на пр. за целите на складирање или обработка на податоци, печатење, испраќање по пошта, маркетинг, планирање и развој на производи или услуги)
e. државни органи, регулаторни органи и други организации како што е наложено или дозволено со закон (како полиција).

7.3 Исто така, ние можеме да ги откриваме вашите Лични податоци на провајдерите на софтверската апликација за хостирање на нашите Онлајн услуги во одредени органичени околности, на пример, кога нашата Веб страна ќе се соочи со технички проблем или за да се осигури дека истата функционира ефективно и безбедно.

7.4 Понатаму, вашите Лични податоци можеме да ги откриваме на купувачи или потенцијални купувачи во врска со продажбата или потенцијалната продажба на InOne, нашиот бизнис или кои било од нашите средства, вклучително и во услови на стечај, во околности коишто му наложуваат на купувачот или потенцијалниот купувач да ги користи таквите лични податоци доследно на оваа Политика за приватност.

8. Меѓународен пренос на личните податоци

8.1 Дел од вашите Лични податоци можат да бидат откриени, пренесени, складирани, обработени или користени во Microsoft Azure Data residency Western Europe Agriport 601, 1775 TK Middenmeer, Netherlands. Преносот се врши со цел целосно функционирање на веб страната и сите нејзини функционалности.

9. Други примени и откривање на личните податоци

9.1 Ние можеме да вршиме собирање, користење и објавување на вашите лични податоци и за други цели коишто не се наведени во оваа Политика за приватност. Доколку го сториме тоа, за истото ќе бидете известени пред отпочнување на обработка на вашите лични податоци за други цели. При известувањето ќе бидете информирани и за правниот основ за обработката на вашите лични податоци како и за сите други информации кои согласно законот сме должни да ве инфомрмираме пред отпочнување на обработката на личните податоци.

10. Складирање и безбедност на Личните податоци што се обработуваат кај нас

10.1 Нашата цел е да осигуриме безбедност на вашите Лични податоци. Сите Лични податоци коишто се собираат преку нашата Веб страна или коишто се чуваат на нашите компјутерски системи се зашититени со физички, технички (вклучувајќи Cloudflare, заштитни ѕидови, криптирање на податоци при транзит преку SSL и криптирање на складирани податоци преку PGP) и процедурални методи.

10.2 Доколку се исполницелта на обработката на вешите лични податоците, односно немаме потреба за понатамошна обработка на вашите лични податоци, можно е истите да ги анонимизирани или да ги отстраниме од нашите системи и да ја уништиме целокупната евиденција поврзана со нив.

10.3 Вашите лични податоци ќе бидат уништени односно избришани во случај кога:

  • е исполнета целта за која се собирани личните податоци, односно немаме потреба за понатамошна обработка на личните податоци
  • сте ја повлекле вашата согласност за обработка на вашите лични податоци
  • сте поднеле приговор или барање за бришење на податоци, и немаме соодветен правен основ за понатамошна обработка на личните податоци

11. Правото на пристап, исправка и бришење на личните податоци

11.1 Генерално, вие имате право на пристап до Личните податоци поврзани со вас што се обработуваат кај нас. Доколку побарате пристап до вашите Лични податоци ние ќе ви обезбедиме целосен пристап до истите. Во зависност од природата на барањето, InOne може да изврши наплата за обезбедувањето пристап до овие податоци, при што, во секој случај, таквата наплата ќе биде во разумен износ. Доколку го одбиеме вашето барање за пристап до вашите Лични податоци, ќе ви биде обезбедено образложение со наведување на причините за таквото одбивање. Доколку се одбива Вашето барање, имате право да поднесете Барање за утврдување на прекршување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) линк: https://dzlp.mk/prizlnlp.

11.2 Исто така, имате право на исправка, дополнување на Вашите лични податоци преку Веб страната по пат на најава на вашиот профил и со повремено ажурирање или уредување на вашиот профил. Друга опција е барањето за пристап да се упати до нашиот Офицер за заштита на личните податоци на кој било од начините утврдени во став 15.

11.3 Ние ги преземаме сите разумни чекори за да осигуриме Личните податоци коишто ги собираме и користиме да бидат точни, целосни и ажурирани. За да ни помогнете во овој поглед, вие сте должни да ни обезбедите вистинити, точни, ажурирани и целосни податоци во врска со вас, како што е побарано, и соодветно да ги ажурирате податоците коишто нам ни се дадени со цел истите да останат вистинити, точни, ажурирани и целосни.

11.4 Ве молиме да нѐ контактирате на кој било од начините утврдени во став 15 доколку сметате дека вашите Лични податоци се неточни, нецелосни или застарени, при што ние ќе извршиме соодветна корекција.

11.5 Доставувањето на барањата во писмена форма и со вклучено максимално можно ниво на детали ќе ни помогне соодветно да го разбереме вашето барање и да ви одговориме навремено.

12. Како постапуваме со приговори во врска сообработка на личните податоци?

12.1 Доколку сметате дека сме извршиле повреда на правото за заштита на личните податоци или дека сме повредиле одреден став на оваа Политика за приватност, ве молиме да контактирате со Офицерот за заштита на личните податоци на некој од начините утврдени во став 15 и да нѐ известите за истото во најбрз можен рок. Ние ќе ги разгледаме вашите прашања и приговорите во врска со заштита на личните податоци во разумен и законски рок, во зависност од сложеноста на приговорот.

12.2 Со цел да можеме навремено да одговориме на вашиот приговор, препорачливо е истиот да се достави во писмена форма. Ве молиме да наведете податоци коишто се релевантни за вашиот приговор. За повеќе информации во врска со исполнување на вашите права, контактирајте го Офицерот за заштита на личните податоци, кој е должен да Ви обезбеди соодветен образец за исполнување на вашите права.

12.3 Ние ќе ве известиме во врска со исходот од нашето разгледување.

13. Ажурирање на оваа Политика за приватност

13.1 Повремено, вршиме ревидирање и ажурирање на оваа Политика за приватност, вклучително и за целите на усогласеност со нови закони, регулативи, практики и технологии. Сите Лични податоци што се чуваат кај нас ќе се раководат според ажурирана Политика за приватност, објавена на оваа страница. Сите измени на оваа Политика за приватност може да ви бидат соопштени по пат на ажурирање на оваа страница на нашата Веб страна. Ви препорачуваме повремено да ја проверувате оваа страница со цел да се запознаете со евентуалните промени.

14. Што да сторите доколку имате прашање, проблем, исполнување на Вашите права или доколку сакате да ни се обратите во врска со обработката на вашите Лични податоци или оваа Политика за приватност

14.1 Доколку:

  • имате прашање или проблем во врска со оваа Политика за приватност или нашите активности за обработка на вашите лични податоци
  • сакате да упатите приговор во врска со нарушување на вашата приватност
  • сакате да пристапите до вашите лични податоци што се чуваат кај нас
  • сакате да ги ажурирате или коригирате вашите лични податоци што се чуваат кај нас, или
  • сакате да ја повлечете согласноста за директен маркетинг,
  • сакате да Ви се обезбеди соодветен образец за исполнување на правата кои произлегуваат од законот

ве молиме да се обратите на следните контакти

Овластено лице за заштита на податоци:
Анжела Митреска Христова
Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ
Поштенска адреса: Партизански одреди 42/2
1000 Скопје, Република Северна Македонија
email: anzelah@zk.mk
Телефон: +389 (0)71 382188

Назив и адреса на одговорниот орган
Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ
Поштенска адреса: Партизански одреди 42/2
1000 Скопје, Република Северна Македонија
email: contact@inone.mk
Телефон: +389 (0)2 3177 888

Надзорен орган:
Агенција за заштита на личните податоци
Поштенска адреса: бул. Гоце Делчев бр.18
www.dzlp.mk
е-маил: 
info@privacy.mk
Телефон: 389 (2)3230 635

Оваа Политика за приватност е последен пат ажурирана на 1.10.2022 година.