следете не:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Gips Imobilia Design
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Share on Facebook
 
 
 
Share on Twitter
 
 
 
Share on Google Plus
 
 
 
Share on Pinterest
 
 
 
 
 
 
JUBIZOL EPS F Graphite – G3
 
 
 
 

JUBIZOL EPS F Graphite – G3

 

Сив EPS со засеци

EPS-EN 13163-L2-W2-T1-S2-P5-DS(N)2-DS(70,-)1-BS115-TR150-CS(10)70

плоча од експандиран полистирен (EPS) со додаток на графит за топлинска изолација на фасади на новоградби или за доизолација на фасадни ѕидови. Се употребува за изведба на топлотно изолациски слоеви со дебелини над 20 cm.

Посебноста на графитниот EPS се додадени графитни честички, кои ја одбиваат топлината и со тоа значително го смалуваат преносот на топлина. Во споредба со белиот EPS при еднакви дебелини на изолацијата, енергетската ефикасност е подобрена за 20%. Посебно се употребува таму, каде што е потребна помала дебелина на фасадата заради изгледот на надворешните и внатрешните полици, тераси, балкони ...

Својства
  • 20% подобар изолатор во споредба со белиот EPS;
  • одличен топлински изолатор;
  • мало впивање на вода;
  • постојан и траен;
  • пареопропусен;
  • има добри механички својства при мали тежини;
  • ја намалува можноста од настанување на површинска кондензација на внатрешните страни од фасадните ѕидови;
  • заштита од преголеми дилатациски движења;
  • оптимална и економична топлинска заштита на надворешните ѕидови;
  • не е штетен за околината.
Предност при вградување
  • одлично прифаќање на лепила на основни малтери;
  • димензиски стабилен;
  • не иритира и не се рони;
  • едноставен за вградување.