следете не:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Gips Imobilia Design
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Share on Facebook
 
 
 
Share on Twitter
 
 
 
Share on Google Plus
 
 
 
Share on Pinterest
 
 
 
 
 
 
JUPOL Thermo
 
 
 
 

JUPOL Thermo

 

Топлинско изолациска внатрешна ѕидна боја

Познато ли ви е чувството на ладно, кога ќе се потпрете на ѕидот? Ние во JUB развивме Thermo sistem, кој овозможува чувство на топлина, и при тоа штеди енергија.

Бојата Jupol Thermo и масата за израмнивање Jubolin Thermo содржат посебни воздушни полнила, кои ја намалуваат топлинската спроводливост. Ваквите полнила имаат поголеми изолациски карактеристики, истовремено ја намалуваат тежината на премазот. Системот Thermo, е погоден на простории каде се поминува подолг временски период, а сакаме да се постигне чувство на топлина при допир на површината на ѕидот. Пред сé се препорачува за ѕидните површини кои се наоѓаат на северната страна, за ѕидови без изолација, како на пример за намалување на ладните мостови, за детски соби ....

Карактеристики
  • содржат посебни воздушни полнила, кои создаваат термичка бариера, поради што на површина чувството на допир е потопло и попријатно;
  • помага при намалување на појава на кондензација на водена пареа на површините од премазот;
  • покривност: класа 3 кај ефикасност од 5 m2/l;
  • изглед: мат.