REVITAL PRIMER NEW GENERATION
Егализациски основен премаз за премостување микропукнатини
ТОП ИЗБОР за влакнесто распукани малтери и фини и груби/рустикални подлоги
Својства
Премостува влакнести пукнатини до ca. 0,3 mm
Ја егализира структурата на подлогата
Го подобрува прифаќањето на подлогата
Ја зголемува водоодбивноста
Ја егализира различната впивливост на подлогата
Придобивки за инвеститорот/изведувачот
Ефикасно трајно решение за санација на стари фасадни површини
Во систем со JUB фасадни бои е идеална заштита на површината од пенетрирање на вода во малтерот
Нанесување со валјак, овозможува до 70 % побрза изведба
Универзален ревитализациски прајмер соодветен за сите подлоги
Во системот за санација ја армира површината и е одлична универзална подлога за сите JUB фасадни бои
Соодветен и за системска санација на историски објекти
Идеална подлога пред боење на фасадните површини каде е присутен изразен контраст од темни и светли нијанси на постоечките подлоги. Посебно на пример кај оние проблематични подлоги кога се освежуваат со интензивна фасадна боја, која е помалку покривна.
Reviews
There are no reviews yet.