Gips Imobilia Design

JUBIN DECOR UNIVERSAL

0,00 ден


Оцена :

Category : JUB

Short Description :

Покривна боја за дрво и метал

JUBIN Decor Universal е покривна боја за дрво и метал, направена врз база на водена дисперзија, погодна е за декоративна заштита на дрвени конструкции и други дрвени површини, внатре и надвор од градежните објекти, како што се: дрвени кровни конструкции, стреи и други оплати, дрвени огради, дрвена столарија и покуќнина и т.н. Во системска заштита на дрвените конструкции, внатре и надвор од градежните објекти, заедно со JUBIN DECOR PRIMER. Кога сакаме да го заштитиме дрвото од штетници се употребува JUBIN Impregnaciа. Бојата може да се употреби и за заштита на метал во внатрешни простории, (маси, радијатори, метални додатоци на мебелот) со предходна употреба на JUBIN Metal primer на водена база.

Својства

производот не е штетен по околината и корисникот;
се одликува со брзо сушење;
без непријатен мирис;
нештетен по здравјето;
погоден за декоративна заштита на детски играчки и опрема за детски игралишта;
UV заштита од сонце;
едноставно нанесување;
особено ниска содржина на високо-испарливи органски соединенија (VOC).
Совет

Со претходна употреба на соодветен основен премаз, погоден е за метал.