две декади со вас...

Гипс Имобилиа дизајн е основан пред две декади како претпријатије со семеен бизнис карактер со скромен буџет, но со силна желба да понуди нешто различно и квалитетно во областа на градежништвото.
Од периодот на самото основање, успеавме да ги совладаме предизвиците и да одбележиме значителен раст и унапредување на нашето работење со самата примена на новите современи трендови во полето на градежништвото.

Гипс Имобилиа дизајн има две декади искуство, професионализам, постојана модернизација и е лидер меѓу бизнисите во областа на градежништвото. Доказ за успех се многубројните признанија и награди доделени од познатите европски брендови. Со цел обезбедување на највисоките стандарди и постојан квалитет, компанијата поседува сертификат за квалитет ISO 9001 - 2008 кој ја потврдува безбедноста, стабилноста и високиот професионализам во областа каде делуваме.

Денес, Гипс Имобилиа дизајн е една од компаниите во земјата која ужива висока доверба, истовремено е позната како експерт во спроведувањето на проекти во областа на градежништвото.
Компанијата располага со целосен капацитет на човечки и материјални ресурси за да се исполнат барањата на нашите клиенти во полето на градежништвото, особено во два клучни сегменти: ентериер и екстериер.
Во делот на материјалните ресурси располагаме со современа технологија и опрема користејќи материјали од највисок квалитет произведени од страна на големите европски брендови кои поседуваат најдобри каратеристики потврдени со сертификати за квалитет од страна на релевантните европски институции.
Во областа на човечките ресурси, со нашата компанија раководи стручен кадар, кој со успех ја менаџира работата на тимовите кои поседуваат работно искуство и сертификати за стручна подготвеност доделени од релевантни институции.

Нашиот основен принцип од кој произлегува мотивацијата е инспириран од мотото: Let us complete your plan... (Дозволете ни да го комплетираме вашиот план...)